Пламенка Трајковска – трио, Концерт во рамки на манифестацијата Дојран Град на културата

Од:

Во рамките на манифестацијата Дојран – Град на културата, во сабота 2 јули на плоштадот ,,Под јаворите” со почеток од 20 часот ќе се реализира концертот Пицикато на кој ќе настапи Пламенка Трајковска – гудачко трио

На овој мултумедијален концерт гудачкото трио во состав Пламенка Трајковска, Наташа Диденко и Ени Вучидолова ќе изведе музичка програма од класичниот репетоар во кросовер стил. На програмата се познати теми од Ј.С. Бах, Л.В. Бетовен, Ж.Бизе, П.И. Чајковски и други композитори од класичниот период. На концертот исто така ќе бидат изведени и македонски фолклорни теми во обработка за гудачко трио и електронска музика.

Нашата виолинистка Пламенка Трајковска продожува со своите заложби за достапност и восприемливост на класичната музика кај најшироката публика. Оваа 2016 година таа интензивно работи на доближување на класичната музика до најмладата публика – децата преку проектот Класика за деца и реализира повеќе концерти во Скопје, Кичево и Штип. Концерт за деца таа реализира и на последното издание на манифестацијата Скопско лето 2016.

Пламенка исто така продолжува со концертите на отворено со малите камерни состави и до крајот на летото тие ќе реализираат повеќе концерти со класична музика за граѓаните од одделните општини.
Концертот Пицикато на отворено во центарот на нашиот туристички бисер Дојран ветува прекрасна музичка вечер покрај езеро.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски