„Писма од земјата“ на Никола Тодоровски утревечер премиерно во Охрид

Од:

„Писма од земјата“ е најновата премиера што од утре ќе биде дел од репертоарот на Народниот театар од Охрид. Станува збор за авторско дело на актерот Никола Тодороски, работено врз текст на еден од врвните светски сатиричари Марк Твен.

Протагонистот Тодоровски кој се јавува како главен лик и режисер, автор на песните и сценарист на претставата, вели дека „Писма од земјата“ е моноспектакл или сатирична турбуленција во која преку ликот на Лудиот филозоф – Будалата се обидува да посочи на сите горчливи нешта кои постојат во општеството, прикажани на сатиричен начин.

– Ликот на лудиот филозоф ја соочува публиката да се напие од горката чаша на се она што не опкружува во општеството и притоа згрозена да плукне на сите тие работи, да се насмее и насмевнувајќи да се присети дека може да биде и полошо, изјави Тодороски на денешната прес-конференција по повод премиерата.

За него бил предизвик и провокација да се обиде да работи нешто слично, а истовремено поразлично од досегашниот негов актерски опус.

– Успеавме да создадеме интересен лик кој е водечки. Се надевам дека претставата ќе биде интересна и провокативна, додаде Тодороски.

Премиерно претставата ќе биде изведена утревечер од 20 часот на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“. Репризата е закажана за 19 март, додека на 15 мај претставата ќе се изведува и пред бугарската прублика во Софија.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он