Пикасов портрет продаден за 28,6 милиони фунти во Лондон

Од:

Делото на Пабло Пикасо од 1932 година, портрет на неговата муза Мари-Терез Валтер, е продаден вчера на аукцијата во Лондон за 28,6 милиони фунти (33,2 милиони евра), јави аукциската куќа Сотеби.

Сликата „Жена која седи кај прозорецот“ (Femme asise pred d’une fenetre), масло на платно со величина 146 на 114 сантиметри, главното дело во групата на импресионистички и модерни слики понудени во Сотеби, била проценета на меѓу 25 и 35 милиони фунти. Сликата, сопственост на еден европски колекционер, ја купи непознат купец преку телефон. Делото е едно од серијата портрети, кои во текот на изложбата организирана во Париз во 1932 година ја обелоденија врската на Пикасо со Мари-Терез, во време кога тој бил оженет со танчерката, Олга Хохлова.

Уметникот ја запознал Мари-Терез во 1927, кога само што наполнила 17 години, а таа подоцна стана негова љубовница со која ја доби ќерката Маја во 1935 година.

Сликата во 1985 година ја продаде внуката на уметникот – Марина, а подоцна е препродадена на аукција во аукциската куќа Кристи во Њујорк во 1997 година за 7,4 милиони долари.

Цената која е добиена за овој портрет далеку е од онаа достигната за една друга слика на Пикасо, исто со Мари-Терез, исто така од 1932 година, „Nu au plateau de scuplteur“  продадена за 106,48 милиони долари на 4 мај 2010 година во Кристи во Њујорк.

На аукцијата во Сотеби во Лондон исто така е продаден гваш и креон на Егон Шиле „Љубовници“, сопственост на Музејот Леополд од Виена за 7,8 милиони фунти (9,1 милион евра). Тоа е рекордна цена добиена за работа на хартија на овој австриски уметник. Делото е проценето меѓу 6,5 и 8,5 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска