Петти Филозофски филмски фестивал во Кинотека на Македонија

Од:

Петтиот Филозофски филмски фестивал, симболично насловен „Фил(м)ософски одисеи“ ќе се одржува од 1-ви до 4 април во Кинотеката на Македонија.

На програмата се „Мирно лето“ на Димитрие Османли, „Антихрист“ на Ларс фон Трир и „Рашомон“ на Акира Куросава. По секоја проекција  ќе има кратки предавања од областа на филозофијата и филмот, на професорите Иван Џепароски, Ристо Солунчев и Стефан Сидовски, како и отворена дискусија со публиката.

Фестивалот е проект на Филозофското друштво на Македонија кој се реализира од 2010 година како студентска иницијатива на Институтот за филозофија, најпрво именуван како Филозофско филмско фестивалче.

Организаторот соопшти дека подготвил најамбициозна програма досега, го отфрлил деминутивот во насловот и се преобразил на големото платно, зашто од Институтот за филозофија годинава ќе се пресели во Кинотеката на Македонија.

Фестивалот ќе има и придружна програма – гостување на режисерот Игор Иванов и работилница за студенти која е новина на годинашното издание.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ