„Петрунија“ ќе ја отвори програмата на новото летно кино во Кинотека

Од:

Кинотеката на Северна Македонија започнува со летната програма на отворено, во дворот на оваа културна установа, а од утре до 13. јули, на програмата на новото летно кино ќе бидат четири современи европски филмови, со проекции со почеток во 21:00 часот.

Програмата започнува со утрешната проекција на македонскиот филм – добитник на престижната награда LUX Prize за најдобар европски филм за 2019 – “Господ Постои, името ѝ е Петрунија“, во режија на Теона Стругар Митевска. Во сабота, на програмата е италијанскиот филм „Гостин“, во недела ќе се прикажува австриската драма „Земјата под моите нозе“, а во понеделник – швајцарско-италијанската копродукција „Сонот на Катрина“.

Од Кинотеката нагласуваат и дека сите посетители ќе треба да се придржуваат до препораките за заштита од Ковид – 19:
• Задолжителна дезинфекција на рацете при влез во дворот и објектот;
• Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот;
• Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата;

Пушењето за време на проекциите е непожелно, а аабрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни), додаваат од Кинотеката на Северна Македонија.

„Ги повикуваме сите граѓани, да водат сметка за правилно одлагање на отпадот за време на овој настан. Исто така, ги информираме жителите од околните згради, дека за време на кино – проекциите ќе биде изгаснато уличното осветлување на дел од улицата „Никола Русински“, со цел подобра реализација на летната кино програма,“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

„Летно кино“ викендов во Ѓорче Петров

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска