Перформанс и изложба за цензурата и автоцензурата во КО-РА

Од:

Во петок, 20 февруари, во галеријата „КО-РА”, во домот на култура „Кочо Рацин” во Скопје, младата уметница и дизајнерка, Верица Стојановиќ, ќе се претстави со својот најнов проект “I am free”, изложба на фотографии придружена со перформанс. Изложбата ќе биде отворена во 19:30, а перформансот ќе започне во 20:15.

На изложбата ќе биде прикажана серија на фотографии кои Стојановиќ ги работела изминатата година, поттикната од општествените проблеми кои не’ опкружуваат.

– Во општество каде секој секого цензурира и секој почнува да се автоцензурира, решавам своите емоции, затвореност, цензурираност и автоцензура да ги извадам на виделина. Решавам да дадам изјава, не надевајќи се дека тоа ќе промени нешто, вели Стојановиќ

IAMFREE

„Во обработката на оваа тема таа поаѓа од својата лична позиција, а тоа е позиција на уметник кој се наоѓа пред задачата да твори. Иако многу теоретичари сметале дека уметноста е поле каде човекот може да доживее потполна слобода, прашањето кое го поставува Верица е дали светот на уметноста му нуди на уметникот потполна слобода за изразување на сопствените ставови.

Преку фотографски приказ на седум уметници од различни области ги разгледува причините кои го тераат авторот да го ублажи својот говор или да прикрие одредени искази зад симболични претстави, двосмисленост која отсекогаш им помагала на уметниците да ги избегнат реперкусиите по својата положба. Стравот на Верица од друга страна произлегува и од можноста важните ставови да се изгубат во масата и да поминат незабележано.

Перформансот во реален простор и време ни ја материјализира истата идеја и ги надополнува концептот. Звукот е важен составен дел на перформансот. За целосно доловување на атмосферата него го изработи Андреј Анчевски.“, стои во соопштнието за изложбата.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска