Во свечената сала на АРМ во Скопје денеска ќе се одржи 7. Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
На ревијата со песни, ора и обичаи ќе настапат 33 здруженија членки на СЗПМ, претставници на 250.000 пензионери од цела Мкедонија.
Обраќање на ревијата ќе имаат градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски и и претседателот на СЗПМ Драги Аргировски.