Патрик Модиано ја доби Нобеловата награда за литература

Од:

Францускиот писател Патрик Модиано се закити со Нобеловата награда за литература за 2014 година, соопшти Шведската академија во Стокхолм.

Шведската академија му ја додели наградата вредна 1,1 милиони долари на Модиано за „неговата арс меморатива со која ги побуди најнесфатливите човечки судбини и го откри живосветот на оваа професија”.

Модиано (69) кој ја доби престижната Гонкурова награда за романот „Исчезнато лице” во 1978 година, е роден во предградие на западен Париз два месеци по крајот на Втората светска војна во Европа, во јули, 1945 година. Татко му бил италијански Евреин и ја сретнал мајка му, белгиска актерка, за време на окупацијата на Париз и неговите почетоци извршиле силно влијание врз неговото дело.

Евреите, нацистичката окупација и губењето на идентитетот се теми што постојано се повторуваат во неговите романи, како „Плоштад на ѕвездата” од 1968 година кој подоцна во Германија се сметаше за едно од клучните дела од периодот по Холокаустот.

Модијано го должи првиот голем успех на пријателството со другар на мајка му, францускиот писател Рејмон Кено, кој го претставил во издавачката куќа „Галимар” кога имал 20-тина години. Модијано, кој живее во Париз, е познат по тоа дека ги одбегнува медиумите и ретко дава интервјуа. Во 2012 година ја доби Австриската државна награда за европска литература.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска