Отворено новото градско кино во Велес

Од:

Со проекција на филмот „Стела” во режија на Стојан Вујичиќ, Општина Велес синоќа свечено го отвори новото градско кино во салата „Бели мугри“ која е во состав на библиотеката.

По повеќе од 20 години, Велес повторно има кино, а за проектот Општината издвои 76.430 евра. Новото кино е со најсовремена дигитална опрема за прикажување филмови што овозможува проекции според највисоките светски стандарди.

Филмот „Стела“ со кој вчера беше отворено киното во Велес е во продукција на „Дрим фактори” и во соработка со „Акшн продукција” од Србија и „Моуна” од Германија.

На крајот на втората проекција пред присутните се претстави целата екипа која работеше на филмот, меѓу кои се и двајца велешани – монтажерот Данчо Стефков и Ристе Гиовски, одговорен за дресурата и улогата на шарпланинката Стела во филмот.

Главната улога на детето Никола во филмот ја игра 14-годишниот Петар Маниќ, кој ја освои присутната велешка публика.Тој во разговор за МИА рече дека оваа му е прва улога во долгометражен филм,а претходно глумел со пократки улоги на Академијата.

-Најтешката улога во целото снимање е глумењето без зборови. Некогаш е потешко да се глуми само со тело, мимики и гримаси на лицето отколку да се зборува и тоа беше потешкиот дел од снимањето на филмот. Инаку, во текот на снимањето и работата со другите актери од екипата беше супер. Со шарпланинката Стела за мене немаше тешки сцени бидејќи цело време беше многу послушна. На почетокот кога се сретнав ми изгладаше толку голема и страшна, но тоа беше само прв впечаток. Таа беше милна кон мене и брзо се спријателивме и се течеше како треба, изјави Петар.

Во чест на празникот синоќа во салата „Бели мугри“ миниконцерт одржа и групата „Љубојна“.

Поради големиот интерес кај граѓаните, Општина Велес како што најави градоначалникот Аце Коцевски, планира овој филм да го прикажува и во следните денови, за што дополнително ќе ја информира јавноста.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ