Отворено 52. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Од:

Различноста е богатство и само како таква може да биде цивилизациска придобивка. Различноста е во тоа што ни овозможува да ја увидиме ширината на можностите, вредноста на поинаквото перципирање и толкување на нешатата.

Правилното и рационалното поимање на различноста ни дава можност да ги совладаме препреките кои се испречуваат како резултат на создадените предрасуди и воедно меѓусебно да се почитуваме и уважуваме, истакна синоќа во Охрид претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на отворањето на 52-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Во обраќањето пред присутните во Центарот на култура „Григор Прличев“ Вељаноски како покровител, на најстарата фолкорна манифестација на Балканот, потсети дека македонскиот народ независно околностите во кои опстојувал, секогаш истрајувал во намерата да ги сочува обележјата и вредностите кои го карактеризираат како народ.

Опстојувал и во намерата да ги пренесе истите од колено на колено, со аманет до поколенијата да го сторат истото.

– Она што како народ не карактеризира е умешноста да го презентираме тоа што го имаме. Тоа на што сме горди, но во исто време да го почитуваме различното, да сакаме да го споделиме, да покажеме, но и да научиме, рече тој.

Првата фестивалска вечер на Балканскито фестивал веќе по традиција беше резервирана за настапот на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, кој пред вљубениците во традицијата и фолкорот се претстави со програма што досега не била презентирана пред македонската публика, односно со неколку целосно нови поставки, како и обновени кореографии од богатото македонско фолкорно наследство.

Во рамки на шесте фестивалски дена летната сцена на „Долни Сарај“ своите вештини во играта и песната на своите народи ќе ги презентираат ансамблите „Осиек 1862“ од истоимениот град во Хрватска, „Абант Изет Бејсал“ од Бејсал – Турција, „Светозар Марковиќ“ од Крагуевац – Србија, „Отекс“ од Охрид, „Златица“ од Бугарија, „Марблени“ од шпанскиот град Гирона, „Бисери“ од Охрид, „Пролетер“ од Сараево – БиХ, „Трисчеле“ од Агриџенто на Сицилија, „Зора“ од унгарскиот град Мохач, „Курпинка“ од Кадизло во Полска и ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот