Отворено 34. Скопско лето

Од:

Со звуците на Деветтата симфонија на Бетовен во изведба на 26-член мешан хор од Јапонија заедно со комплетниот состав на Хорот и Оркестарот на МОБ, синоќа во Салонот на Македонската Опера и Балет, свечено беше отворено 34. издание на Меѓународната културна манифестација „Скопско лето 2013“.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Пред 34 години, на 21 јуни – календарскиот почеток на летото и Светскиот ден на музиката, Дирекцијата за култура и уметност ја започнала долгата историја на манифестацијата “Скопско лето”. Во изминативе речиси три ипол децении, преку внимателно избраната програма на “Скопско лето”, настапија огромен број изведувачи и ансамбли, понудувајќи ја на љубителите на уметноста својата изведбена виртуозност и творечка енергија во различни жанрови и уметнички правци во областа на музиката, театарот, филмот, литературата, ликовните уметности, како и мултимедијалните перформанси и спектакли што им додаваат духовна содржина на отворените градски простори кои вообичаено се користат за секојдневните потреби на граѓаните, како и простори наменети за настани од областа на културата, што во летниот период се помалку ангажирани, рече Трајановски.

Тој подвлече дека фестивалот “Скопско лето” има своја тежина и значење бидејќи во текот на 40 дена, во еден од најжешките временски периоди од годината, успева да го привлече вниманието на публиката гладна за уметнички настани, да задржи во градот значителна група скопјани, како и да го привлече вниманието на странските посетители, на градски локации со специфична историска и естетска вредност: од Матка до Марков манастир, од Старата скопска чаршија до падините на Водно, како и на веќе познатите простори за уметничка интерпретација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Почит и незаборав за прилепските бранители!

Емир Латифовиќ

Почина балерината Маја Плисецкаја

Емир Латифовиќ

Професорите му одговорија на ректорот: Престанете да манипулрате со нас

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поројни дождови во Дебарско, одрони и прекинат локален сообраќај

Емир Латифовиќ