Отворена ликовна изложба на делата од колонијата „Љубанци 2018“

Од:

Ликовната изложба на делата од осмата ликовна колонија „Љубанци 2018“ беше отворена вчеравечер во Општина Бутел и ќе биде отворена до 8 мај годинава.

Изложбата ја отвори градоначалникот Велимир Смилевски, кој нагласи дека традиции на Општина Бутел ќе продолжат, а најмладите таленти за ликовна уметност ќе бидат поддржувани, стимулирани и наградувани како што се годинешниве добитници на четирите награди за најубав цртеж.

Посетителите на ликовната изложба можат да видат 30 дела на 18 ликовни уметници, учесници на последната ликовна колонија, што се одржува во Љубанци. На колонијата има 27 слики, две скулптури во дрво и една скулптура во мермер.

Автори на делата се Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Орце Гогов, Новица Трајковски, Харалампие Манчев, Ристо Андреев, Ели Чочова, Сашо Поповски и други автори од државата, како и Владан Ранѓеловиќ, Наташа Радосављевиќ – Нара и Светислав Славковиќ – Кајзер од Србија.

На изложбата беше промовиран специјално подготвениот каталог Осма ликовна колонија „Љубанци 2018“ во кој се претставени уметниците и нивните дела.

На настанот беа наградени четири детски цртежи насликани на „Детскиот ден“ во рамките на ликовната колонија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска