Во Центарот за современа уметност „АРТ Скопје“ синоќа беше отворена изложбата „Во потрага по несовршената убавина“ на бугарската уметница, Десислава Минчева, која е професор на Националната ликовна академија од Софија.
На изложбата, која е поддржана од Фондацијата „Илија Камчев“ и е во организација заедно со НУ Завод за заштита на спомениците културата – Штип, Минчева се претставува со дела кои се нејзин ликовен, но и тематски континуитет во последниве десетина години.
Изложбата ќе биде отворена до 13 октомври, а од 15 октомври до 1 ноември ќе биде поставена во Уметничката галерија Безистен во Штип.