Отворена изложбата „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Кумановско“

Од:

Куманово и Кумановско можат да се гордеат со сакралните споменици, со црквите и манастирите од византискиот и поствизантискиот период, како и двете џамии од османлискиот период, истакна министерот за култура Хусни Исмаили во Уметничката галерија во Куманово на отворањето на изложбата „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Кумановско“.

Пред присутните гости, меѓу кои и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, министерот Исмаили рече дека Куманово – градот на културата за 2019 година – може да се гордее со богатото културно наследство од над 40-ина средновековни храмови.

Тој додаде дека посетителите во наредните денови ќе можат да уживаат во уметноста на сакралната архитектура, дополнета со цртежи од значајни композиции од фрескосликарството, како и од арабеските на џамиите и фрескокопиите од старонагоричкиот храм.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска