Отворена изложбата „Моми“ во Софија

Од:

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Софија синоќа е отворена изложбата „Моми“ на седумте млади уметници, Ана Ивановска, Марија Сотировска,Кристина Зафировска, Зорица Зафировска, Кристина Хаџиева, Татјана Ристовска и Маја Кировска.

Проектот кој е реализиран во соработка на Музејот на современа уметност и Културно-информативниот Центар во Софија, во јуни беше претставен во Белград, а на своето второ меѓународно претставување годинава, предизвика голем интерес и пред публиката во Софија.

Куратор на изложбата е Ива Петрова-Димовски, а младите уметници пред публиката во главниот град на Бугарија ги претставија директорите на двете институции, Елиза Шулевска и Васко Шутаров.

Во галеријата „Париз-Москва“ во Софија се уште владее исклучителен интерес и на посетителите и медиумите за изложбата на скулпторот Жарко Башески, а во најава за 17 октомври е изложбата на Милош Коџоман.

Сите проекти од тековната програма на македонскиот КИЦ во Софија се реализирани со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска