Отворена изложбата „Мајски Салон 2021“ во Куманово

Од:

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово денеска беше отворена клупската изложба на уметничка фотографија „Мајски салон 2021“. Организатор на изложбата е Фото Кино клубот „Козјак“ од Куманово, а кумановци имаат можност да проследат 40-тина фотографии од 20 уметници.

– Оваа изложба е традиционална која ги претставува делата на нашите членови од ФКК „Козјак“, кои низ целата година учествуваат на различни републички, меѓународни изложби. Форматот на фотографиите е во поголема димензија и по тоа се разликува од останатите досегашни изложби. Темата е слободна од портрет, природа, архитектура, изјави Маријана Павличек од клубот.

Покровители на изложбата се Министерство за култура и Општина Куманово, а поддржана од Народна техника, НУЦК „Трајко Прокопиев“ под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

Изложбата ќе биде поставена до средината на јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска