Отворена изложбата „Карпино 2020“ во Куманово

Од:

Во рамките на програмата за одбележување на 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово, вчера беше отворена меѓународната ликовна изложба „Карпино 2020“, која ја организира Мултимедијалниот центар „Карпино“-Куманово.

Годинава, на виртуелната колонија учествуваа тринаесет уметници од Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Република Северна Македонија, кои се претставија со по едно дело, во комбинирана техника на хартија.

– Уметниците ги испратија своите дела кои се доста интересни, инспирирани од карантинот. Имаме интересна изложба која годинава поради актуелната пандемија се одржа во поинакви услови. Сепак, одлуката беше да се одржи традицијата, особено годинава кога славиме полнолетство, изјави Зоран Павловски, претседател на здружението.

Љубителите на уметноста може да ги разгледаат делата во наредните десет дена. Здружението почна да ја организира колонијата пред 18 години во манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“ во близина на селото Сув Орах, изграден помеѓу 14 и 16 век во поствизантискиот период, но поради немање услови колонијата изминативе години се одржуваше во населбата Карпош.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска