Отворена изложбата „Археолошки локалитети во кавадаречко”

Од:

Изложба насловена „Археолошки локалитети во кавадаречко“ беше отворена денеска во кавадаречката Музеј галерија. На 41 пано се презентирани 180 фотографии и плакати од најзначајните археолошки локалитети од кавадаречко.

– Станува збор за локалитети кои се едно од најзначајното недвижно културно наследство што ќе имаме можност да ги видиме во оваа прилика. Се работи за голем број на локалитети почнувајќи од најстарите од праисторискиот период, преку античкиот, па се до доцниот среден век. Еден континуитет на живеење и доказ за живеење на овие простори, рече Весна Ѓорѓиева, виш кустос археолог при музејот.

Територијата на општината, нагласи таа, е богата со голем број археолошки локалитети од кои досега се евидентирани над 200 во археолошката карта.

Автори на изложбата се Ѓорѓиева и нејзините колеги Трајче Цветков и Раде Атанасов.

Пред присутните се обрати и историчарот Петре Камчевски. – Ако ја погледнеме археолошката карта на општина Кавадарци ќе видеме дека на територијата на нашата општина досега се откриени голем број археолошки локалитети или значајни ареолошки наоди кои датираат уште од раниот неолит, па преку античкиот период и средниот век, па се до денес, факт што јасно говори дека овој простор во континуитет бил населен уште во праисторијата. Токму тоа ни укажува дека Тиквешијата спаѓа во редот на оние региони во Македонија со поголем број на археолошки локалитети, кои се неми, но исклучително значајни сведоци за животот на човекот од почетоците на цивилизацијата, рече Камчевски, кој и самиот има учествувано во истражувањата.

​Големето архоелошко богатство, додаде, кое го содржи тиквешкиот крај, низ годините привлекло голем број на еминентни истражувачи и научници.

-​ Еден од најзначајните археолошки локалитети во овој крај е секако Еударист, каде што во 2006 година е пронајден антички храм на богот Дионис, а во непосредна близина се пронајдени две камени корита за собирање на шира од 3 и 4 век, што јасно укажува дека лозарството и винарството биле развиени во нашиот крај уште во античко време, нагласи Камчевски.

Сепак, како што рече, сите овие истражувања и ископувања би биле залудни, доколку тие не се конзервираат, документираат и презентираат, со цел да се запознае пошироката јавност со археолошкото богатство кое го поседува Тиквешијата, како што тоа го прави тимот во Музеј галеријата од Кавадарци, каква што е впрочем и денешната изложба.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски