Отворена изложба на слики и фотографии на уметникот Адем Сулејманоски

Од:

Во уметничката галерија во Дебар, која е сместена во некогашниот нов градски амам, отворена е самостојна изложба на ликовниот уметник Адем Сулејманоски.

На изложбата се поставени 20 слики и фотографии со мотиви од културното наследство на општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше.

– На истите претставени се културно-историски споменици со кои изобилува овој крај, а кои се од непроценливо значење, народни носии, објекти од стара градска архитектура и слично. Може да се види и фотографија од познатиот Еленски скок како и малиот тунел на патот Дебар – Маврово, кој повеќе не постои. Споменатиот тунел, кој се наоѓаше во близина на селото Јанче, според записите бил најмалиот тунел во Европа, изјави Сулејманоски.

Изложбата ќе биде отворена до недела, по што истата се сели во Центар Жупа а потоа во Ростуше.

Пред поголем број љубители на оваа уметност, како и ученици, тој најави дека набрзо ќе биде отворена голема, заедничка изложба со ликовни уметници од трите општини.

Организатор на изложбата е Здружението за уметност,култура и заштитата на културното наследство „Арт-Култ 57 “ од Дебар, чиј претседател Арбен Јајага зборуваше за значето на изложбата и дејноста на Сулејманоски.

Педесет и седум годишниот Сулејманоски е роден и живее во Ростуше,каде моменто е директор на Основното општинско училиште „Ѓорѓи Пулески“. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје каде завршил и постипломски студии а на студиски престој во 1992 година бил во Равена, Италија. Учествувал на многу групни изложби во повеќе градови низ Македонија, каде имал и самостојни изложби. Самостојно изложувал во Сион, Швајцарија, Ниш и Нови Сад, Србија и Пешкопеја, Албанија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска