Отворена изложба на Ликовната група „Пресек“

Од:

Во Галеријата на НУ „Завод и Музеј“ Струмица синоќа беше отворена изложбата на ликовната група „Пресек“ од Струмица.

На показ на јавноста своите дела ги ставија ликовните уметници Љупка Галазка Василев, Никола Пијанманов, Гергана Ѕингарова, Марјан Ѕин и Верица Арапова.

Според промоторот на изложбата, Ана Витанова Рингачева, ликовната група „Пресек“ отвора и нови можности за младите ликовни уметници.

-Со тоа се докажува дека „Пресек“ е жив организам што пулсира во ритамот на вистинската уметност, рече Витанова Рингачева.

Уметницата Љупка Галазка Василев рече дека трета година по ред групата излага заедно.

-Групата „Пресек“ има повеќе изложби зад себе и тоа не само во Струмица, туку и на меѓунарадно ниво и се разбира дека ова е начин уметниците меѓу себе да се зближуваат, но и дека сме отворени за нови членови кои ќе можат да ја презентираат свјата уметност, рече Галазка Василев.

Изложбата на Ликовната група „Пресек“ се одржа во рамките на одбележувањето на духовниот празник на Струмица-Светите Петнаесет Тивериополски свештено-маченици.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска