Отворена изложба на фотографии на струмичанецот Столе Ангелов

Од:

Во просторот на Студио „38“ во Струмица беше отворена изложба на фотографии „Стит причр“ на Столе Ангелов.

На дваесетина фотозаписи Ангелов го покажува она што го фатило визирот на неговиот објектив, обичниот живот, на улицата, забележувајќи финеси, контрасти, композиции и слики кои врамени раскажуваат нова приказна, вистина или состојба.

Изложбата ја организира Здружението за култура „Транзен“ во соработка со УСАИД како дел од Проектот за граѓанско учество.

изложба струмица 2

– Со оваа изложба сакаме, од една страна да ги афирмираме уметниците од нашиот град, како што е Ангелов кој сам почнал да се занимава со фотографија. Од друга страна, сакаме да промовираме неформални културни точки во градот, независно од културните институции да понудиме нова програма. Со тоа да ја зајакнеме независната сцена, изјави Јасмина Мазгалиева од Здружението за култура „Транзен“.

Во рамки на дводневните културни активности беше организирана и литературна средба со младата авторка Фросина Пармакоска.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски