Лилчиќ: Не посегаме по туѓо наследество, се гордееме со нашето

Од:

Над 700 новопронајдени артефакти од археолошките локалитети низ Македонија се изложени на годишната „Археолошка изложба 2015“ која Управата за заштита на културно наследство ја организира веќе деветти пат на крајот на годината. Изложбата денеска беше отворена за јавноста во Археолошки музеј и ги презентира најзначајните пронајдоци од изминатата година.

Преку теренски истражувања годинава се пронајдени над 50 нови градови и тврдини, над 400 монети од антички период и од среден век, како и оружје, накит, керамика. Во 22 македонски општини, археолозите лоцирале 60 репрезентативни цивилизациски точки

-Не посегаме по туѓото културно наследство, туку нашето го цениме и по тоа сакаме светот да не препознае – изјави на отворањето директорот на Управата, Виктор Адамс Лилчиќ.

8e7a5572-40fc-48a8-9717-3020f6a41adf

Само оваа година, рече тој, археолозите идентифицирале 24 антички градови и утврдувања непознати во научната литература.

Најголем интерес сепак предизвикува наоѓалиштето Билазора кај Свети Николе, каде што се истражува т.н. владетелска палата од IV и V век п.н.е. Во текот на 2015 година е истражен голем дел од јужното крило и централниот дел од палатата со што се откриени вкупно 15 простории меѓусебно организирани. Археолозите утврдиле дека палатата била во употреба главно во текот на V-ти и VI-ти п.н.е., а насилно била срушена кон почетокот на третти век п.н.е.

7cd93d94-8534-43a4-bd98-e438927206ce

„Досега откриените архитектонски делови од палатата, нејзината разнобојна фрескодекорација како и движните наоди (монети, накит, оружје, орудија, керамика), сведочат за високи културно-историски вредности што ја прават единствен објект од тој вид и време до сега откриени во внатрешноста на Балканот“, велат од Управата.

Годинава почна реализацијата на два големи проекти, првиот е Археолошкиот катастар на Република Македонија со кој се формира дигитална база на археолошките податоци, а вториот проект е почеток на истражување во локалитетот Китино Кале во Кичево.

81449941-2169-43f6-a775-42025335a740

Во 2015 година финализира истражувањето на најголемиот антички објект, театарот во Скупи кој е истражен во целост и започната е конзервација на сценската зграда. Иако е пронајден во оштетена состојба, ископани се илјадници артефакти.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска