Отворен вториот Саем на книга во Струмица

Од:

На градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица денеска беше отворен вториот Саем на книга под мотото „Ајде да читаме“ кој ќе трае до 24 мај. На штандовите ќе бидат изложени изданијата на 15 македонски издавачи, а книгите ќе се продаваат со саемски попуст од 20 до 70 проценти.

-На саемот присутни се најеминентните македонски издавачи: „три“, „Матица македонска“, „Наша култура“, „Култура“, „Багемонт“, „Феникс“, „Топер“, „Антолог“, „Или-или“, „Магор“, „Арс Ламина“, „Мартина“, „Сакам книга“ и „Ѓурга“. Штандовите на издавачките куќи ќе бидат отворени од 10 до 21 часот. Ова е одлична можност за љубителите на книги да ја збогата својата библиотека или да подарат книга зошто тоа е најдобриот пријател, рече Тања Гошева, директорка на градската библиотека „Благој Јанков- Мучето“.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов го прогласи саемот за отворен повторувајќи ја поддршката што како локална власт ја даваат за вакви манифестации.

-Кога е нешто успешно треба да се повторува. Ако е тоа така, тогаш овој втор саем е логична последица на ланскиот кој привлече големо внимание кај љубителите на книгата. Се надеваме дека ова ќе биде вовед во една убава традиција. Првиот чекор е најава за проодување, но вториот е потврда во успешноста. Се надевам дека на овој начин помагаме во популаризација и афирмација на книгата, рече Костадинов.

Саемот на книгата е во организација на Младински совет – Струмица, а во соработка со Академија „АБЦ“, градската установа Библиотека „Благој Јанков – Мучето“ и „СИМ Компани“.

Би можело да ве интересира

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна