Отворен Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Од:

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ беше отворен синоќа, при што публиката уживаше во претставата „Чао пријатно“ во која глумат актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски.

Како што информира денеска Општина Аеродром, Фестивалот за отворен го прогласи претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, а се обрати и директорот на „Театар Комедија“, Сашо Ристовски.

„Гола месечина“ ќе трае до 3 октомври, а оваа година се одржува на фудбалското игралиште покрај градинката „Сонце“ во Реонски центар, според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.

Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публиката ќе бидат отворени од 19 часот. Оваа година влезот е со карти, кои се бесплатни и во ограничен број, а нивното подигнување се врши од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ од 10:00 до 14:00 часот секој ден за претставите што се на репертоар за тој ден. Едно лице може да подигне две карти со лична карта за една претстава.

Вечерва на репертоар е претставата „Партија реми“ во која играат актерите Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ.

Би можело да ве интересира

​Сашко Коцев, Тино и Атанас овој викенд на „Гола Месечина“ во Аеродром

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Успешно заврши осмото издание на „Гола месечина“

Ана Ололовска

Со премиерата „Грдиот“ вечер почнува „Гола месечина“

Ана Ололовска

Од среда до недела фестивал на комедијата „Гола месечина“

А1он

Почнува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Ана Ололовска