Музејот на град Скопје по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, ќе биде отворен за сите посетители во рамки на програмата „Музејот за децата – децата за музејот“.
Сите заинтересирани можат да учествуваат во музејско – едукативните работилници што ќе се одржат денеска од 9 до 16 часот, во просториите на Музејот, а темата ќе биде „Скопје 63“.
Покрај работилниците на кои децата ќе можат креативно да се изразат преку цртежот, глината, колажот, ќе можат да погледнат и проекции на краткометражни документарни филмови на теми поврзани за Скопје и земјотресот од 1963 година.
Филмовите се добиени по пат на соработка на Музејот со Кинотеката на Македонија.