Отворен 13. Интернационален салон на стрип „Велес 2015“

Од:

Во организација на Стрип центарот на Македонија од Велес под покровителство на Министерството за култура и Фондацијата „Принц Аус“ од Холандија, синоќа во Ликовниот салон во Велес свечено беше отворен 13-от Интернационален салон на стрип „Велес 2015“.

Во Ликовниот салон беше отворена и изложба каде беа промовирани стрипови од специјални стрп автори гости, како и наградените и подобрите македонски стрип автори по интернационалниот конкурс за стрип.

Ване Трајков претседател на Стрип центарот на Македонија од Велес ги врачи наградите по Интернационалниот стрип конкурс.

Најпрво беше доделено признанието за афирмација на стрипот во Македонија на „ОСТЕН“, кој иако моментално не излегува, годинава одбележува голем јубилеј од 70 години од првиот број.

Наградата „Златен стрип 2015“ во нивно отсуство беше доделена на Дан Ианос од Романија и Аљоша Томиќ за колор и Марко Стојановиќ за сценарио, од Лесковачката школа на стрип од Србија. Во нивно име наградата ја прими Милош Цветковиќ нивни колега и предевач за стрип од Лесковачката школа за стрип.

Во изјавата за медиумите Милош Цветковиќ рече дека ова е значајна награда за Лесковачката школа на стрип која годинава слави 20 години постоење и пред се за неговиот колега Марко Стојановиќ .Наградата значи поттик за уште поголеми достигнувања на оваа школа за стрип која е позната на Балканот и пошироко и од која произлегле врвни стрип автори.

– Оваа награда е на Стојановиќ и на сите млади таленти од оваа школа кои работат на афирмација на стрипот, и затоа е уште позначајна потенцира Цветковиќ.

Втората награда во нивно отсуство беше доделена на Навид Булбилија за цртеж и Адмир Хаџимуртезиќ за сценарио и двајцата од од Босна и Херцеговина. Втора награда доби и Марија Конопатова од Русија.

Трета награда добија Игор Крстиќ за цртеж и колор и Ненад Пејчиќ за сценарио и двајцата од Србија.Трета награда примија и Александар Стеванов за сценарио и Јована Велинова за молив од Македонија и Анастасија Великанова за туш и колор од Русија.

Награда за најдобар цртеж доби Иван Стојановиќ –Фики од Србија, а награда за сценарио Кирси Салонен од Финска,а беа доделени и признанија за најмлад и најстар учесник и други.

Како што потенцира за медиумите Ване Трајков годинава на Интернационалниот стрип конкурс пристигнале рекордни 228 дела од 42 земја што далеку го надминува претходниот рекорд од 168 стрип стрип дела.

Освен од Македонија на Стрип салонот во Велес годинава учествуваат и познати стрип автори од Турција, Албанија, Србија и Косово.

Тие за љубителите на стрипот од Велес во наредните два дена ќе организираат стрип работилници. Во рамки на Салонот ќе биде отворена и стрип берза, а меѓу активностите посетителите и учесниците ќе можат да разменуваат искуства и да разговараат на тема стрип уметност.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он