Отворање на „Вевчанско културно лето 2022“ со монодрамата „Кармен“ на Драмски

Од:

Драмски театар Скопје, вечерва со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на отворањето на „Вевчанско културно лето 2022“ кое ќе трае од 15 јули до 31 август, манифестација која има за цел да го збогати културното живеење во заедницата.

Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен.

Би можело да ве интересира

Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ на 5 мај гостува во Драмски театар

Ана Ололовска

Премиера на детската претстава „Новогодишен сон“ во Драмски театар Скопје

Ана Ололовска

Драмски театар добитник на една од двете награди кои ги доделува „Јоакимфест“ во Крагуевац

Ана Ололовска

Драмски театар ќе гостува на „Јоакимфест“ во Крагуевац со „My name is Goran Stefanovski“

Ана Ололовска

Раде Шербеџија, Горан Стефановски, Милан Мариќ, Феѓа Штука, Александар Поповски, Кокан Младеновиќ во Драмски

Ана Ололовска

Нова комедија со среќен крај на Коле Ангелковски насловена „Птица со глава меѓу нозе“

Ана Ололовска