Раде Шербеџија, Горан Стефановски, Милан Мариќ, Феѓа Штука, Александар Поповски, Кокан Младеновиќ во Драмски

Од:

Шест хит претстави од 14 до 19  октомври на фестивалот РУТА Група Триглав

dobivaj vesti na viber

Драмски театар Скопје заедно со пет водечки театри од регионот, мотивирани од силната желба за создавање нови заеднички проекти, копродукции и играње на претстави пред публика од целиот регион,  ја формираа Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав. Заедно со Драмски театар Скопје потписници на протоколот за соработка на Унијата се Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица. Концептуално фестивалот РУТА Група Триглав се одржува на секои два месеци во еден од шесте театарски центри.

Драмски театар е домаќин на десеттата по ред Рута Група Триглав од 14 до 19 октомври.

На сцената на Драмски во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да види шест репрезентативни и најнаградувани претстави на театрите од регионот.

Свеченото отворање на театарскиот фестивал Рута Група Триглав ќе биде на 14 октомври со Раде Шербеџија и Милан Мариќ (главниот лик во филмот за Тома Здравковиќ) во претставата  Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во режија на Ленка Удовички според антологискиот текст на Едвард Олби. Претставата е копродукција на театар Улисис и Београдско драмско позориште. Во претставата играат и Катарина Бистровиќ – Дарваш и Вања Ненадиќ.

Београдско драмско позориште настапува на 15 октомври со претставата „Диво месо“.

Извонреден е предизвикот на ансамблот и на режисерот Јагош Марковиќ, претставата по текст на Горан Стефановски да биде изведена во Скопје. Улогите во „Диво месо“ ги толкуваат: Јово Максиќ, Сандра Бугарски, Лука Грбиќ, Марко Тодоровиќ, Александар Вуќковиќ, Андријана Ѓорѓевиќ, Љубинка Клариќ, Вања Ненадиќ, Павле Пекиќ, Стефан Радоњиќ, Милан Ќуќиловиќ, Јана Милосављевиќ и Александар Јовановиќ.

Третета фестивалска вечер публиката ќе има можност, да ја види претставата на македонскиот режисер Александар Поповски. Тој своето читање на римскиот поет Овидиј ни го доловува во претставата Хероини во изведба на „Месно гледалишче Љубљана“.

Улогите се доверени на: Викторија Бенчик Емершич, Ајда Смрекар, Јудита Зидар, Тања Рибич, Тина Поточник Врховник, Јулита Кропец, Мирјам Корбар, Тјаша Железник, Вероника Железник и Јернеј Гашперин.

На 17 октомври од Црна Гора доаѓа ансамблот на Градско позориште Подгорица со претставата „Коњите убиваат, зар не?“. За оваа претстава на матичната сцена и на сите гостувања се бара „билет повеќе“ поради уникатниот концепт на учество на публиката во претставата. Ограничен број гледачи ја следат претставата сместени на сцената и имаат можност да консумираат вкусна храна и пијалоци слушајќи професионален бенд и актерска изведба на шоу програма. Режисер на претставата е Кокан Младеновиќ. Улоги: Душан Ковачевиќ, Марија Ѓуриќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Горан Славиќ, Јелена Симиќ, Дејан Ѓоновиќ, Бранка Фемиќ, Вукан Пејовиќ, Катарина Крек и Жељко Радуновиќ.

Хит комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево, е на програмата на фестивалот РУТА Група Триглав на 18 октомври. Во претставата две семејства се договараат да започнат нов бизнис. Но, како што вели авторот Борис Лалиќ во Босна не е лесно да се води чесен бизнис, а уште потешко е чесно да се направи криминална организација во која преку ноќ ќе се збогатат две семејства. Тогаш настанува вистинска комедија.

Режисер на претставата е Саша Пешевски. Настапуваат: Феѓа Штукан (актерот со забележителни улоги во филмови со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли), Гордана Бобан, Ванеса Глоѓо и Давор Голубовиќ.

Свеченото затворање на фестивалот Рута Група Триглав е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври. Режијата е на Зоја Бузалковска, а улогите ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева -Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

До 01 октомври на билетарницата на Драмски театар Скопје може да се набават само блок билети. Од 01 октомври започнува  поединечната продажба по претстава.

Би можело да ве интересира

Отворање на „Вевчанско културно лето 2022“ со монодрамата „Кармен“ на Драмски

Ана Ололовска

Нова комедија со среќен крај на Коле Ангелковски насловена „Птица со глава меѓу нозе“

Ана Ололовска

Драмски театар ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Конески

Ана Ололовска

Драмски ги одложува претставите за март поради самоизолација на двајца актери

Ана Ололовска

„Грев или шприцер“ на Јутјуб каналот на Драмски театар

Ана Ололовска

Тасевски: Од Драмски заминувам со крената глава, има актери кои секташки се групираат и прават штети на театарот

Наум Локоски