Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Од:

Модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева вечер, во 18 часот, ќе биде отворена во Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ја организираат Францускиот институт во Скопје со поддршка на Амбасадата на Шпанија.

-Оддавајќи им омаж на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева која, со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека, веќе организираше модна ревија во Музејот на Град Скопје. Преку избор на дел од овие модни креации, продолжуваме со омаж на еден од најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје, чие отворање е прв културен настан во Францускиот институт за 2024 година, соопштија организаторите.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи