Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Од:

По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура Икон и Младинскиот културен центар – Скопје ја организираат изложбата „Денис Боувен“ која ќе биде отворена вечер, во изложбениот салон на МКЦ и ќе трае до 25 април 2024 година.

Ќе бидат претставени дела од сериите кои Боувен ги создал низ годините во земјава.

Светскиот ден на уметноста е меѓународна прослава на уметноста која ја прогласи Меѓународната асоцијација за уметност (IAA) во 2012 година, со цел да се промовира и подигне свеста за креативната активност ширум светот. Датумот е одлучен во чест на роденденот на Леонардо да Винчи, кој беше избран за симбол на слободата на изразување, толеранцијата, солидарноста и мултикултурализмот.

МКЦ и ИКОН одлучија Светскиот ден да го посветат на Денис Боувен, британски уметник и македонски културен амбасадор. Тој пишуваше за
македонската ликовна сцена во Лондон, но работеше и на собирање уметнички дела од британски автори.

Денис Боувен (5 април 1921 – 23 март 2006 година) е јужноафрикански уметник и промотор на апстрактната и авангардна уметност во Британија. Бил основач на New Vision Group и New Vision Center Gallery во Лондон, кои одиграле важна улога на британската уметничка сцена во повоениот период. Неговите дела се чуваат во бројни збирки во земјава и во странство, вклучувајќи ги TATE Gallery, V&A, Британскиот музеј и Националните галерии на Израел, Италија, Полска и Северна Македонија. Во текот на неговата кариера, Боувен ја задржал посветеноста во духот на експерименталната уметност. Тој е еден од главните поборници на ташистичката апстрактна уметност или неформална уметност (Art informel).

-Длабоката наклонетост на Денис Боуен кон Македонија е очигледна во наследството што тој го остави преку неговата обемна работа во земјата. Неговата љубов кон Македонија, нејзиното културно богатство, му послужи како постојана муза за неговиот уметнички израз. Тој беше чест гостин на ликовните колонии во Македонија и зад себе остави стотици дела што сега се дел од јавни и во приватни колекции. Град Скопје за неговата активност му ја додели наградата „13 Ноември“ во 2003 година. Придонесите на Боувен за македонската уметничка сцена оставија неизбришлива трага, збогатувајќи го културното наследство во земјата. Делата на Боувен продолжуваат да бидат извор на инспирација, повикувајќи ги гледачите да ја ценат убавината и сложеноста на уметноста преку неговиот уметнички објектив, се наведува во најавата.

Би можело да ве интересира

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“