Отворање на изложбата „АР 2016 / Young Art“ на млади косовски уметници

Од:

Во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица вечер ќе гостува Националната галерија на Косово со изложбата „АР 2016 / Young Art“ – која е најдобар проект реализиран во Косово во областа на современата концептуална уметност. Делата на учесниците се избрани на натпревар за млади автори.

Тоа се: Агрон Блакчори (првонаграден), Бујар Сулејмани, Јетула Сулејмани и Луан Бајрактари и колективот HaveIt. Куратори на проектот се Луизим Зекири и Мехмет Бехлули.

Проектот е прогласен за најдобар затоа што е меѓу ретките изложби специјализирани за млади уметници до 40 години; организиран по светски стандарди и трендови и оценет од три независни комисии. Во комисиите членувале познати уметници, меѓу кои и Сисли Џафа, овогодишен претставник на Косово на Венециското биенале.

– Интересни, актуелни, ангажирани и интерактивни дела на сите пет претставници/учесници на оваа изложба вреди да се видат, да се проследат интересите на младата косовска сцена која полека но сигурна го зазема своето место на светската арт мапа, соопшти Националната галерија на Македонија за изложбата на чие отворање перформанс ќе има колективот HaveIt.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски