Отворање изложба „Несовршен простор“-Автопортрет во самоизлоација“

Од:

Во Струмица вечерва ќе биде отворена третата по ред изложба „Несовршен простор“ која ја организира Здружението за култура „Транзен“ од Струмица, а на која тема е „Автопортрет во самоизолација“.

-Се погоди во време на пандемија и изолација на населението. Првпат уметниците во овој век беа соочени со буквално и присилно изолирање во сопствените домови и ателјеа. Делата кои настанаа како резултат на се уште актуелната пандемиска ситуација, допрва ќе го видат светот на презентацијата и изложбите. Затоа, одлучивме изложбата оваа година да биде посветена на себеперцепцијата или автопортретот. Ништо поскладно за времињата во кои живееме од изложба со автопортрети настанати во самоизолација, вели ликовниот уметник Никола Пијанманов од „Транзен“.

Откупната награда на третата изложба „Несовршен простор“ ја доби ликовниот уметник Владимир Илиевски за делото „Автопортрет со був“. Наградата, како и секоја година, се состои од симболична статуетка „Златен лист“ во чест на професорот Владимир Георгиевски и парична во износ од 30 илјади денари.

Учесници во изложбата се уметниците Тони Попов, Ване Костуранов, Ѓорге Јовановиќ, Владимир Илиевски, Гоце Илиевски, Љупка Галазка Василев, Вангел Срнаков, Ниче Василев, Славица Милева, Геновева Качуркова, Никола Пијанманов, Ивана Настеска, Верица Арапова, Стефан Младеновски, Ѓорги Динев и Илија Маџаров.

Изложбата е финансиски помогната од Министерство за култура на Р.Македонија во партнерска соработка со клубот „Нагоре“ во Струмица, каде ќе биде и поставена. Изложбата ќе трае еден месец.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска