Откриена нова слика од Аугуст Стриндберг

Од:

Една нова слика од големиот класик Аугуст Стриндберг, еден од најзначајните шведски писатели, познат и по своите уметнички слики, во декември годинава ќе биде изложена на аукција во фирмата „Буковскис“ во Стокхолм, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Станува збор за слика која досега не ја виделе ниту експертите и проучувачите на творештвото на Стриндберг,  ниту пак јавноста.

Почетната цена на аукцијата е одредена во износ од пет милиони шведски круни (нешто помалку од 550.000 евра).

Уметничкото дело е насликано во 1894 година во текот на Стриндберговото ментално немирно време во Париз, односно т.н. инферно-криза низ која тогаш минувал. Еден од неговите романи го носи истиот наслов, „Инферно“.

Мотивот на сликата е разбранувано море под темно небо и наликува на една друга слика од Стриндберг, „Високо море“, која датира од истата година.

Новооткриената слика од големиот шведски уметник е изработена во масло на платно, како подарок од авторот за данскиот поет Софус Клаусен, а која подоцна преминала во наследство во рамки на семејството.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска