Откриен вреден автопортрет на Рембрант

Од:

За портретот на човек кој носи црн шешир со пердув од ној и кој се третираше како копија на дело на Рембрант, утврдено е дека е оригинално дело на Рембрант и како такво, проценето е на сума од околу 20 милиони фунти.

Иако на едниот агол од делото кое датира од 1635-тата година стои потписот на Рембрант, сепак се сметало дека станува збор за копија направена од некој од неговите ученици.

Водечкиот експерт за делото на Рембрант, Ернст вон де Ветеринг, по долга анализа утврдил дека станува збор за оригинал.

Во текот на оваа година делото ќе биде дадено на чистење и на понатамошни анализи, помеѓу кои рентгенски анализи, анализи на пигментот, инфрацрвена рефлектографија и анализа на годовите на дрвената плоча на која е насликан портретот со цел утврдување на староста.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска