Откриен човечки запис стар 500.000 години

Од:

Цртежот пронајден на фосилизирана школка во Индонезија, можеби е најстариот запис на еден човечки предок откриен досега, тврдат тим научници од холандскиот Универзитет во Лајден.

Како што јави Би-Би-Си, гравираниот цртеж, кој може да се види само под оредено осветлување, е стар најмалку 430.000 години, што значи дека е дело на изумрениот човечки предок Хомо еректус.

Досега најстариот познат човечки запис беше датиран пред околу 130.000 години.

Доколку резултатите од истражувањето бидат потврдени, тоа од корен ќе ги промени досегашните сознанија за развојот на човечката култура.

– Тоа може да доведе до ново испишување на човечката историја, изјави за Би-Би-Си, Стивен Манро, еден од учесниците во истражувањето и автор на студијата.

Научниците проучувале повеќе од стотици фосили на слатководни школки во местото Тринил на индонезискиот остров Јава, кои ги пронашол холандскиот истражувач Ежен Дибоа кон крајот на 19-от век, а денес се чуваат во Центарот за биодиверизтет „Натуралис“ во Лајден.

Во текот на процесот на датирање, истражуачите откриле дека гравираниот примерок претходи на процесот на фосилизирање на школките, односно дека е стар меѓу 430.000 и 540.000 години.

Манро вели дека ова откритие ја потврдува теоријата дека Хомо еректусот бил поагилен и поинтелегентен, отколку што досега се веруваше.

– Кога гледаме нешто слично, било да станува збор за уметнички чин или симболички знак, тоа веднаш си го препишуваме себе си, како нешто што е својствено само на модерниот човек, напомена тој.

Тој наведе дека и натаму постои јасна разлика меѓу Хомо сапиенсот и Хомо еректусот, но и дека овој наш далечен предок ни бил посличен отколку што досега мислевме.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска