Откажана претставата „За секого има по една“

Од:

Претставата „За секого има по една“ закажана за утревечер на „Скопско лето“ е откажна поради повреда на актерката Зорица Стојановска, информираше Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, која ја организира манифестацијата.

Претставата е на театарот „Комедија“ по текст на Венко Андоновски и во режија на Владлен Александров.

Остануваат  двете програмски содржини утревечер на „Скопско лето“ – премиерата на „Оливер Твист“ на Театарот за деца и младинци и концертот на пијанистот Богдан Ѓорѓевиќ од Србија во Музејот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он