По вчерашното обраќање на Васил Бубев, директор на НУЦК „Антон Панов“, иницијативниот одбор на струмичките актери при НУЦК „Антон Панов“ одржал состанок на кој одлучиле да го задржат својот став.
Актерите веќе неколку месеци бараат смена на директорот бидејќи сметаат дека професор по фискултура не треба да раководи со оваа културна институција.
Директорот на Центарот за култура од Стумица Васил Бубев вчера ги повикува вработените од установата од драмскиот сектор да седнат заедно, да разговараат и да бараат и најдат решение за сите предизвици, преку дијалог и меѓусебна почит, а заради, како што рече, одговорноста кон граѓаните.
Актерите со мотото „Култура или фискултура“ остро се спротиставуваат на одлуката Бубев да раководи со оваа институција и одржаа низа протести на кои ги изнесоа нивните барања.
Тие имаа средба и со министерската за култура Ирена Стефоска која остана на ставот дека формално-правно Бубев е компетентен за оваа работна позиција.