„Осоговска староградска вечер 2017“ во Крива Паланка

Од:

Староградски песни од Делчево, Крива Паланка, Валандово и Врање, Република Србија, беа дел од програмата на четвртата „Осоговска староградска вечер“ што се одржа синоќа на плоштадот „Карпошово востание“.

– На овој начин и официјално ја отворивме програмата на Кривопаланечко културно лето, а граѓаните можеа да уживаат во звуците на староградските песни кои се пееле низ децениите на градскиет собиранки и останати свечености. Староградските ансамбли и групи ја доловија атмосферата од годините кога ваквите песни беа неизоставен дел од кое било случување, изјави градоначалникот Арсенчо Алексовски.

На летната сцена пред зградата на локалната самоуправа настапија „Делчевски еснафи” и женската пејачка група „Ѓурѓа“ од Делчево, „Распеани валандовчани“, староградска група „Извор“ од Врање и ансамблот на староградски песни и музика „Распеани кривопаланчани“.

Манифестацијата ја организираат Општина Крива Паланка и Центарот за култура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка