Општина Охрид го распиша конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

Од:

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“, Општина Охрид и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата – Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ.

Авторското право се докажува со четвртиот примерок.

Краен рок за доставување на трудовите е 31-ви овој месец, додека жири-комисијата резултатите од Конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во чест на писателот традиционално секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on