Онлајн продажба на билети за саемот на книга 2021

Од:

Од утре, билети за саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн електронскиот систем www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари, информираат организаторите на саемот.

Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), од 8 до 14 септември.

На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, како и голем број на промоции и саемски попусти.

Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и поддржан е од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Програмата и распоредот на промоции на новите изданија ќе бидат објавени непосредно пред почетокот на Саемот на книга 2021, се вели во соопштението на организаторите на саемот.

Би можело да ве интересира

Денес на Саем: Средба со Иван Антоновски и „Идентитетот е приказна“ – најбараната книга на „Полица“ во 2022 година

Ана Ололовска

Државниот архив ќе учествува на 35. Саем на книгата

Ана Ололовска

Од денеска почнува Саемот на книга, се очекуваат над 30 илјади посетители

Ана Ололовска

Саем на книга од 4 до 10 мај: понуди на издавачките куќи и промоција на читањето

Горан Наумовски

Саемот на книга започнува на 3. мај

Ана Ололовска

Турција учесник на претстојниот Саем на книга