Онлајн изложба во рамки на проектот „Да бидеме заедно, додека сме разделени“

Од:

Во рамки на проектот „Да бидеме заедно, додека сме разделени“ на Културно социјален простор „Центар- Јадро“ од денеска до 18 јуни ќе се одржи онлајн изложба на седум уметници – Иван Ивановски, Симона Манчева, Дарко Алексовски, Доротеј Нешовски, Елена Чемерска, Зорица Зафировска и Никола Узуновски.

– Претставените дела ги адресираат скриените и не толку скриени нееднаквости во општеството и причините кои ги предизвикуваат, преку истражувања на емотивните состојби во време на криза, ограничувањето од општествените конструкти во однос на личната слобода, социјалното домување, грижата за околината и јавниот простор, експлоатација на трудот и мигрантската криза, неизвесноста од иднината, со финална цел да укажат од неопходноста од заедничко здружување и решавање на заедничките проблеми во прекаријатскиот даден контекст, велат од „Центар-Јадро“.

Посочуваат дека намерата на проектот е истовремено да апелира за конечен прекин на практиката на бесплатно искористување на уметничкиот труд и да укаже од неопходноста од платена уметничка работа. Делата, велат, се претставени виртуелно, но взаемната грижа е реална.

– Состојбaта на криза, со сите политички и економски промени кои ги носи, го зголемува јазот и уште повеќе ги истакнува разликите меѓу различни групи и поларизирани заедници. Нашите пријателства го сменија „пејзажот“ и „мигрираа“ на интернет мрежата. Сепак, пријателството е многу повеќе од релација на социјалните медиуми. Оттука, во потрага сме по нови начини и простори кои го комбинираат институционалното и социјалното, здрави работни заедници кои се подршка во насока на соживот за решавање на реални проблеми и взаемна помош, се вели во соопштението.

Проектот е реализиран со поддршка на швајцарската амбасада, Министерство за култура, Јадро- Асоцијација на независната културна сцена, ЦАЦ- Центар за современи уметности и КСП „Центар-Јадро“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска