Онлајн-изложба на дела од Јадран Манчев организира КСП Подиум-Јадро

Од:

„Контраст и време“ е насловена изложбата – избор на фотографии од Јадран Манчев, која денеска ќе биде организирана онлајн од КСП Подиум-Јадро. Делата се изработени во последните 10-тина години, без континуитет и однапред одреден план.

-Главниот мотив или концепт се контрастот како фундаметален принцип во композицијата во дизајнот, сликарството, фотографијата, музикита и времето без коешто цртањето со светлина или фотографијата не може да се замисли, со чија помош се манипулираат и менуваат фотографиите и времето како четврта димензија во пејзажот. Контраст и време е апстрактен обид, наведува организаторот.

Јадран Манчев (1974, Кавадарци) работи како мултимедијален дизајнер: илустрација, фотографија, видео… Со фотографија поинтензивно се занимава од 2004 година, во тоа време исклучиво на филм, а во последните неколку години работи дигитална фотографија. Од 2008 до 2018 има самостојни и учествувал во повеќе групни изложби и настани.

Виртуелната иложба е дел од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2“ на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена поддржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски