ФОТО: Она од што се срами македонското општество – се појави на билборди

Од:

Осум уметнички дела од денeска можат да се видат на билбордите низ Скопје, како дел од најновото издание на проектот „Уметност на билборд 2“ во организација на Институтот за уметност и култура Арс акта од Скопје.

-Поради успехот кој го доживеа овој иницијален проект во 2012 година со својата прва изложба, Арс Акта одлучи да го продолжи овој концепт во континуитет, секогаш со нов дискурс за визуелна комуникација и со поинаква методологија при селекцијата на автори, велат организаторите на проектот.

Темата на овогодинешниот настан е „Прокрастинација“. Целта на Институтот Арс акта со изборот на оваа тема е да се проникне во суштината на оваа појава, како мошне чест феномен во македонското современо живеење, преку импакт врз актуелната уметничка сцена, а за таа цел ќе го користи како медиум форматот на билборд плакат.

10751995_10205288473626577_904628304_n

10751977_10205288465746380_235910754_n

– Оваа општочовечка особина сепак ја согледуваме како една вткаена и веќе нашироко распространета постапка кај нас во Македонија, па затоа локалната оправданост за изборот на концептот не доведе до разгледување на минатото и креирањето на идентитетот согледани преку себереференцијалноста, нивото на свесност, односот кон перфекционизмот, филозофијата на малите народи и сл. Потоа, како можни причини за појавата на прокрастинација се наметнуваат неминовно и социо-општествените услови во Македонија, фамилијарната меѓузависност, несистематичноста, едукацијата, воспитувањето; политичкото уредување, еднопартискиот ситем, плурализмот, слободата на говор, стигматизацијата, авто-цензурата, велат кураторите од „Арс акта“.

10751931_10205288461266268_1443935174_n

10748760_10205288459626227_1794992184_n

Арс Акта ја предложи начелната идеја, а куратори на концептот се Бојана Јанева-Шемова и Ана Франговска. На овој проект се поканети 9 македонски афирмирани куратори (како ко-куратори на Арс Акта) избрани со цел да дадат индивидуален одговор на предложениот концепт со избор на еден автор со едно дело.

Учесници на проектот „Прокрастинација-Уметност на билборд 2“ се:
– Соња Абаџиева (ко-куратор)
– Зоран Георгиев (уметник)
– Ивана Васева (ко-куратор)
– Филип Јовановски (уметник)
– Билјана Исијанин (ко-куратор)
– Мирна Арсовска (уметник)
– Владимир Јанчевски (ко-куратор)
– Игор Тошевски (уметник)
– Мелентие Пандиловски (ко-куратор)
– Лучезар Бојаџиев (уметник)
– Нада Прља (ко-куратор)
– Велимир Жерновски (уметник)
– Маја Чанкуловска-Михајловска (ко-куратор)
– Ирена Паскали (уметник)
– Арс акта (Ана Франговска, Бојана Јанева-Шемова – куратори) (Радмила Ончевска, Борис Шемов, Игор Сековски – уметници

10748726_10205288476946660_419190879_n

10735737_10205288477906684_1971082109_n

10439568_10205288471546525_1555217027_n

967834_10205288483786831_1759168629_n
А.Б.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска