„Охридско лето“ со расчистена сметка го дочекува 54-то фестивалско издание

Од:

Националната установа – „Фестивал Охридско лето“, благодарение на успешното менаџирање и поддршката на надлежните државни институции, успеа да го расчисти долговите кон доверителите, што секако се очекува да придонесе за поуспешо работење на институцијата, но и подобрување на програмските содржини предвидени за идните фестивалски изданија.

Раководството на „Охридско лето“, управниот одбор на институцијата денеска оствари средба со пратениците од Охрид во македонското Собрание, на која беше разговарано за начините како државата уште повеќе да придонесе во активностите и заложбите за издигнувањето на најголемата музичко-сценска манифестација во земјата на уште повисоко ниво, достојно на реномето градено повеќе од пет децении.

Пратеникот Александар Николовски меѓу другото најави засилена активност на пратениците од Охрид, за подобрување на условите за работа и развој на сите културни институции во градот, преку изградба на повеќенаменски објект, затворена сцена на која би се реализирале дел од содржините на фестивалот, но и на другите културни манифестации во градот, како Балканскиот фестивал на народни песни и игри, претставите на возобновениот Народен театар, кино проекции и секакви други активности од културен карактер.

Дел од активностите на државните институции во насока на подобрување на условите за одржувањето на настаните во рамки на „Охридско лето“ веќе се завршени, со реализација на најавените градежни зафати за покривање на сцените на Античкиот театар и на сцената „Долни Сарај“, со монтажни покривни конструкции, кои според својата функционалност и изглед наликуват на сцените на најголемите и најпрестижните културни манифестации од тој вид во светски рамки.

Сцената на Антички ќе блесне веќе за неколку дена, на 12. јули со свеченото отворање на 54-то издание на фестивалот „Охридско лето“, со настапот на светски познатите оперски ѕвезди, сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи од Италија, во придружба на уметниците од Македонската филхармонија, под раководство на аргентинскиот диригент Луис Горелик.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор