„Охридско лето“ почнува соработка со Словенечката филхармонија

Од:

Во рамки на работната посета на Словенија, директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот, Нина Момироска, остварија повеќе средби со уметници и менаџери на установи од културата во оваа земја.

– Поповиќ имаше официјална посета на Словенечката филхармонија каде со директорот Клемен Хвала – челист и познат и ценет музичар во Словенија, разговараше за модулите на соработка кои нашиот престижен музичко-сценски фестивал ќе ги има во рамки на соработката што ќе почне од наредното фестивалско издание, соопшти Дирекцијата на „Охридско лето“.

Претходно директорката Поповиќ го посети музичкото училиште во Словен Градец кое важи за едно од најдобрите во Словенија.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма