„Огнена земја“, самостојна изложба на Емил Шулајковски во КИЦ-Скопје

Од:

Во изложбените салони „Империјал 1 и 2“ при ЈУ Културно-информативен центар – Скопје утре (четврток) со почеток во 20.00 часот ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски насловена „Огнена земја“.

Со оваа изложба Емил Шулајковски го одбележува јубилејот 25 години ликовно творештво, а на неа ќе бидат изложени 45 слики изработени во маслена техника создадени во последните три години.

„Формите“ и композициските структури на Емил Шулајковски се „градени“ или произлегуваат од визуелната перцепција, односно препознавањето на општи облици или конкретни мотиви (форма или портрет или фигура, композиции, женско тело…) кои се трансформираат во своевидна апстрактна фигурација, при што генерално се работи за универзални претстави со аналогија на миметичкото, во случајов стилизирани портрети и претстави на женско тело кои се раѓаат по повеќе годишна пауза (речиси 20 години), вели кустос Маја Чанкуловска Михајловска во текстот на каталогот за изложбата на Шулајковски.

Емил Шулајковски е росен во Скопје во 1969 година. Дипломирал на Факултетот за ликуван уметност во 1992, каде завршува и постипломски студии во 2001.

Има реализирано 25 самостојни изложби во Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Германија и САД, а учествувал и на 70 групни изложби во земјава и странство. Добитник на пет национални награди за сликарство.

Дела на Емил Шулајковски се наоѓаат во приватни и јавни збирки во преку 30 земји низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска