Официјално отворена „Недела на археологијата“

Од:

Манифестацијата „Недела на археологијата“ која се реализира петта година по ред и постепено прераснува во традиционален настан на Археолошкиот музеј, официјално се отвори со денешното отворање на изложбата „40 години од првите археолошки истражувања на локалитетот Тумба Маџари”. Изложбата ќе биде отворена за посетителите два месеци.

На 12 декември, (среда) во организација и соработка со „Центарот за истражување на предисторијата” ќе се одржи меѓународна конференција, со учесници од Балканските земји и Европа, насловена „Неолитот во Македонија”.

На 13 декември, (четврток) со почеток од 10 часот ќе се одржи предавање за развојот на земјоделието во неолитот во Европа, а со посебен осврт на неолитот во Грција ќе биде предавањето на еминентниот грчки археолог и проф.д-р Костас Котцсакис.

Манифестацијата завршува во петок, со бесплатен влез за посета на музејот под отворено небо – Неолитското село во населбата Маџари (Ченто).

„Недела на археологијата” е финансирана преку годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска