Жирито на Денови на комедија Куманово 2022 во состав: Претседателка: Магдалена Ризова Черхих (актерка) и членови на жирито: Драгана Таневска (режисерка), Илија Струмениковски (актер), Петар Андоновски (писател), и Крсто Богојевски (сценограф) ги донесе следниве одлуки и награди:
Најдобра актерка – Горица Поповиќ (за улогата на Флоренс Фостер Џенкинс во претставата „Славна Флоренс“) Атеље 212 – Белград, Република Србија;
Најдобар актер – Димитар Ѓорѓиевски (за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ) Театар Прилеп;
Најдобра сценографија – Илина Ангеловска (сценографија во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ) Театар Прилеп;
Најдобра костимографија – Кирил Наумов („Службогонци“) Драматичен Театар Ловеч, Република Бугарија;
Најдобра режија – Коле Ангеловски (режија за претставата „Паника во хотел Кристал“) Театар Струмица;
Најдобра претстава – „Секс и лаги“ Театар Куманово
Образложенијата за одлуките ќе бидат објавени дополнително и при доделување на наградите на ансамблите и на добитниците на наградите.