Одбележан Светскиот ден на уметноста

Од:

По повод 15 април-Светскиот ден на уметноста, денеска во Музејот на Град Скопје беше промовирана книгата „Земна и небесна екстаза-светска љубовна поезија и сликарство“. Автори се Ефтим Клетников и Климе Коробар, а издавач е Асоцијацијата за култура ИКОН.

Клетников информира дека книгата е посветена на големи автори од светската поезија-Соломон, Лермонтов, Блок, Хајне, Верлен, Лорка, Кович и македонските поети Ацо Шопов и Анте Поповски. Како препејувачи се јавуваат Блаже Конески, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Паскал Гилевски и Ефтим Клетников.

– Љубовта сама по себе е екстаза. Љубовта е најголемиот дар од Господ за да се надмине болката. Оваа поезија говори за таа љубов, земна и небесна, истакна Клетников.

За секоја песна, како што рече, се ангажираа современите македонски сликари и за секоја песна е правена специјална слика, цртеж… Изложбата на нивните слики ќе биде отворена вечер во 20.30 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица.

– Сликаа Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Симон Шемов, Доне Милјановски, Петар Попчев…, рече Клетников.

Стихови од книгата читаше Кирил Псалтиров, а настапи и музичката група „Портал“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска