Од среда до недела фестивал на комедијата „Гола месечина“

Од:

Традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи по осми пат, од 15 септември (среда) до 19 септември (недела), под отворено небо во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“.

Фестивалот, како што посочуваат од Општина Аеродром, ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.

– Фестивалот на комедијата и годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Сите претстави ќе почнуваат во 21 часот, наведуваат од Општината.

Поради ограничениот број на седишта (200), ќе може да се влегува само со билети (бесплатни) што можат да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9 до 15 часот на денот на секоја претстава. Едно лице може да подигне два билета за една претстава со приложување лична карта, и тоа само доколку поседуваат сертификат за вакцинација.

Во среда ќе се игра „Грдиот“ во „Театар Комедија“, во четврток „Чудесна терапија“ во „Драмски театар“ – Скопје, во петок „Што е силеџија“ во „Театар за деца и младинци“ – Скопје, сабота „Мој Термин“ во „Македонски народен театар“ – Скопје и недела „Вообразен болен“- НУЦК „Трајко Прокопиев“ –Куманово.

Би можело да ве интересира

​Сашко Коцев, Тино и Атанас овој викенд на „Гола Месечина“ во Аеродром

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Успешно заврши осмото издание на „Гола месечина“

Ана Ололовска

Со премиерата „Грдиот“ вечер почнува „Гола месечина“

Ана Ололовска

Отворен Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Ана Ололовска

Почнува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Ана Ололовска